Целиот свет денеска одбележува 20 години од трагичната смрт на принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз 1997 година, која се случи ноќта меѓу 30 и 31 август во уличен тунел во Париз, бегајќи од папараците. Две децении подоцна, смртта на како што ја нарекуваа „Кралицата на срцата“ и натаму има многу непознати и предизвикува многу контроверзи, кои одат до таму што ги вклучуваат и британсиките разузнавачки служби, па дури и кралското семејство.

Нејзини обожаватели утринава оставаат цвеќе, фотографии и лични пораки пред капијата на Кенсингтонската палата. Меѓу сите нив беа и нејзините синови Вилијам и Хари кои ѝ оддадоа почит, посетувајќи ја и градината направена во чест на „кралицата на срцата“. За посетата, принцовите беа придружувани од војвотката Кејт. Во „Белата градина“ се посадени илјадници од омилените цвеќиња на Дијана.






