Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација ќе се спроведе во утре, 12 април во период од 08.20 до 10.30 часот во А1 Арена (Сала Борис Трајковски) во Скопје.
Во оваа група се лицата над 40 години или оние кои имаат хронична болест, соопшти Здружението на новинарите на Македонија.
Според ЗНМ, сите 631 новинари и медиумски работници добиле информација за точниот термин за вакцинацијата на нивните електронски адреси коии беа доставени од редакциите до ЗНМ и ССНМ при пријавувањето.







