Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски цели 5 дена ги кријат иницијалите на осомничените во случајот “Двојник” кои беа приведени веднаш откако во понеделникот ВМРО-ДПМНЕ ја објави аферата “Пасоши за мафија”.
Наредниот ден министерот Оливер Спасовски објави дека полицијата привела 9 лица и поднесла 10 кривични пријави а едниот од осомничените кои биле под истрага избегал.
Но за разлика од вчерашниот случај во кој се приведени 6 лица за трговија со дрога, меѓу кои се возач на семејството Заеви и полициски шеф од Прилеп, чии иницијалите се објавени јавно Спасовски и МВР ги кријат иницијалите на 9 луѓе кои добија кривични пријави за Двојник односно Пасоши за мафија.
Единствениот за кој се знае целосно или делумно личниот идентитет е Раиф Мифтари по кого е распишана меѓународна потерница.
Досегашната практика на МВР била секогаш да ги открива иницијалите на тие што добиле кривични пријави особено ако се работи за сериозни кривични дела за кои јавноста има особен интерес.
Необјавувањето на иницијалите на осомничените во “Двојник” само ги подгрева шпекулациите/информациите во јавноста според кои министерот Спасовски бил во пријателки односи со дел од нив а некои од нив и самиот ги назначувал на работните места каде што тие ја злоупотребиле службената должност во Двојник.
На прес конференцијата по настанот Спасовски не ги објави иницијалите на осомничените но затоа даваше политички изјави со обвинувања за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кого од непозната причина се уште МВР не поднесува кривична пријава за саботажа како што тврди министерот.
За вчерашниот настан МВР веднаш ги објави иницијалите на уапсените
Спасовски не дал насоки ниту бил во координацијата за апсењето на “марихуанската мафија”





