Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 1.092 позитивни случаи на Ковид-19, од извршени 5.569 тестови, информира Инситутот за јавно здравје.
Во истиот период, регистрирани се 32 жртви, а 2.003 оздравени.
Од починатите 32 лица 10 се од Скопје (91 , 83 , 65 , 79 , две лица по 74, 72, 70, 63 и 60), по двајца починати пациенти од Куманово ( 73 и 65), Прилеп (90 и 81), Тетово (77 и 74), Гостивар (78 и 48), Кавадарци (70 и 46), Гевгелија (66 и 61) и Виница (67 и 64) и по 1 починат пациент од Битола (88), Берово (76), Велес (81), Крива паланка (61), Неготино (61), Охрид (81), Свети Николе (70) и Штип (64). Сите пациенти се починати во болнички услови.






