Со натпреварот Словенија-Полска (12.45) во Хелсинки започнува 40. Европско првенство за кошаркари. Се игра во 4 града (Истанбул, Хелсинки, Тел Авив и Клуж) и во пет сали (две во Истанбул), а ќе трае до 17 септември за кога се предвидени натпреварите за ласман. Титулата ја брани Шпанија, која ги освојуваше златата на три од последните 4 шампионати, а и сега „Фуријата“ е прв кандидат за главниот трофеј. Следен на таа фаворитска листа е францускиот тим, а натаму се споменуваат традиционалните кандидати и освојувачи на одличја: Србија, Литванија, Грција, Италија итн.
32 НБА играчи во 24 селекции му даваат специјален шмек на првенството кое по втор пат се одржува во четири земји. Македонија по четири едно по друго настапи на ЕП отсуствува откако лани катастрофално ги одигра квалификациите.
Еве ги денешните двојки:



Група А:
СЛОВЕНИЈА-ПОЛСКА (12.45)

ИСЛАНД-ГРЦИЈА (15.30)

ФРАНЦИЈА-ФИНСКА (19.00)

Група Б:

ГЕРМАНИЈА-УКРАИНА (14.45)

ЛИТВАНИЈА-ГРУЗИЈА (17.30)

ИТАЛИЈА-ИЗРАЕЛ (20.30)