Афроамериканецот Рони Лонг одлежал 44 години зад решетки, наводно за грабеж и силување на бела жена…



Дури минатата година беше утврдено дека тој е невин, но откако е пуштен од затвор, Лонг води правна битка со властите во Северна Каролина да ја добие отшетатата за речиси половина век поминати во затвор.

Според законот, на 65-годишниот Лонг треба да му се исплатат 50.000 долари за секоја година што ја поминал во затвор, но во неговиот случај тој износ е одреден на 750.000 долари.

Во неговиот случај, тоа значи дека му била исплатена сума за 15 години поминати во затвор, наместо 44, колку што реално мина во затворот.

Вистинскиот износ што рева да го добие осудениот во 1976 година е 2,2 милиони евра.