In Memoriam: Почина посебен советник во владата

Од последици од Ковид-19 почина Тони Николовски, посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Аријанит Хоџа.



Николовски работеше како монтажер во МТВ, снимател и монтажер во згаснатата А1 ТВ и снимател во Агенција Анадолија од 2015 до 2020 година.

Николовски кој е сопруг на поранешната пратеничка на СДСМ и советничка на премиерот Заев Ленче Николовски важеше за колегијална и професионална личност.

Expres.mk изразува сочувство на семејството на Николовски кој е роден на 24.8.1964 година во Битола.