Сопругот на британската крализа, принцот Филип починал на 99 годишна возраст,јавуваат британски медиуми.
Веста за смртта на војводата од Единбург ја потврдиле од Бекингамската палата.
Кралицата денес со „длабока тага“ ја објави смртта на нејзиниот сопруг принцот Филип на 99-годишна возраст, нејзината „сила и водач“ во текот на нивниот 73-годишен брак и нејзиното 69-годишно владеење.
Војводата од Единбург ги помина своите последни денови во замокот Виндзор со неговата сопруга по 28-ноќен престој во болница откако беше примен во средината на февруари заради инфекција и постоечка срцева состојба.
Нејзиното височество ја објави смртта на нејзиниот сопруг на пладне. Во изјавата на Бакингемската палата се вели:
„Со длабоко жалење нејзиното височество Кралицата ја објави смртта на нејзиниот сакан сопруг Неговото кралско височество принцот Филип, војводата од Единбург.
Филип во минатото бил претседател, покровител и член на над 780 организации за време на неговиот живот.
Тој воедно бил и најстариот машки член на британското кралско семејство во историјата.






