Екипите на одделот за борба против организиран криминал во Полицискиот оддел изведоа операции во Истанбул против криминалната организација предводена од Седат Пекер.
Името на Седат Пекер беше поврзано со скандалот околу издавањето „пасоши за мафијаши“ отако беше објавено дека и тој наводно поседува македонски пасош со „туѓ идентитет“.
Пекер, турски државјанин кој неодамна беше протеран од Македонија, негираше дека поседува македонска патна исправа а неговите адвокати се заканија со тужби кон сите оние кои објавуваа такви инфорамции за него.
Во акцијата на турската поилиција досега се приведени 63 лица во операциите на 121 адреса истовремено во Истанбул, Анкара, Кочаели, Трабзон и Хатај во 06:00 часот изутрина. Полицијата упаднала и во вилата на Седат Пекер во Бејкоз утрото.
Екипите извршија претрес и на неговиот џип но не се знае коде е тој….
„Како резултат на сеопфатните студии иницирани од Одделот за борба против организираниот криминал на Полицискиот оддел во Истанбул со цел откривање на криминалната организација предводена од Седат Пекер и откривајќи ги нејзините дејствија, утврдено е дека организацијата била вклучена во многу кривични дела и членови на организацијата кои ги извршиле овие дела.Во истовремената акција против 63 осомничени во 5 провинции на 09.04.2021 година, многу осомничени беа фатени и приведени како криминалните елементи. Против лицата беа покренати неопходни постапки“, гласи соопштението на полицискиот оддел во Истанбул.







