Вардар се прости од Лигата на шампионите со пораз од Веспрем и во Унгарија

Ракометарите на Вардар го завршија настапот во осминафиналето од Лигата на шампионите сезонава со пораз од Веспрем и во Унгарија, овојпат со 39:30.



„Црвено-црните“ одржуваа резултатска рамнотежа до 10:9 за домаќинот, по што попуштија и му дозволија на противникот на паузата да замине со предност од 20:15. Разликата беше и двоцифрена (30:20), по што вардарци намалија на 31:25, пред Веспрем да го зададе конечниот удар.

Тимур Дибиров и Стојанче Стоилов се издвои во нападот на двократниот европски првак со по пет гола, еден повеќе од Иван Чупиќ и од Васко Шевалјевиќ.

За место на фајналфорот Веспрем ќе се бори со Нант на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров.