Јавното Обвинителство ќе го истражува случајот за починатиот сточар, Златко Божинов кој пет часа бил носен на раце по тежок планински терен за да добие лекарска помош.
„Основното јавно обвинителство Куманово ќе оформи предмет по допрен глас за да ги утврди фактите и евентуалната кривична одговорност за настанот. Во меѓувреме, Обвинителството ги чека и известувањата од надлежните институции кои веќе постапуваат“, велат од ОЈО од Сител.
Божиновски во средата почина во болница откако претходно цела недела се бореше со повредите настанати од мозочно крварење и хипотермија.
Институциите играат „пинг-понг“ префрлувајќи си ја одговорноста за случајот: ЦУК не побарал хеликоптер, Општина Кратово, не можела да испрати трактор, АРМ не била запознаена а претседателот Пендаровски рече дека доколку Армијата знаела веднаш ќе испратела хеликоптер и специјална единица за спасување.







