Ден по вакцинирањето на претседателот на Србија, Александар Вуќич, вчерашниот ден беше еден од најуспешните од почетокот на вакцинацијата.
Вакцинирани се вкупно 64.608 лица, од кои скоро 24.000, поточно 23.628 граѓани, дошле на вакцинација без претходно закажан датум.
Досега повеќе од милион граѓани во Србија примиле вакцина Синофарм, за која сите податоци покажуваат дека има убедливо најмалку несакани ефекти во споредба со сите други вакцини.






