Шилегов за „Етнос“: Се надевам дека „Коњот“ ќе биде отстранет од плоштадот

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за грчки „Етнос“ вели дека напорите за демонттирање на проектот „Скопје 2014“ одат тешко и дека „Статуата со коњот“ на централниот плоштад е бескорисна.



Коментирајќи ги доцнењата при отстранувањето на статуите од централниот плоштад во Скопје и околу Вардар, Шилегов објасни дека тие не се под јурисдикција на градот Скопје, туку на општина Центар која, исто така , треба да интервенира на фасадите на барокните јавни згради.

„Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад и ја охрабрувам општина Центар да продолжи со политиката за отстранување на овие елементи, но тоа не е нешто што можам да го побарам затоа што не припаѓа на мојата надлежност. Нема потреба да ги и маме овие градби во центарот на градот. Тие не се дел од нашата традиција, нашата култура. Нема смисла да бидат таму. Бескорисни се “, вели, меѓу другото, вели за грчкиот весник Шилегов кој се пофалио дека почна отстранувањето на галиите во Вардар.