Тргнува ли МВР во лов на Мицкоски, Спасовски блефира или не постапува по кривични дела

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски има формално правни можности да покрене истрага и да поднесе кривична пријава против било кое лице за кое смета дека го крши законот вклучително и за тие што вршат саботажа врз работата на МВР или државни органи.



Спасовски вчера го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со објавување на аферата “Пасоши за мафија” дека направил обид за саботажа на акција на МВР.

За ова дело за кое најмалата казна е 4 години затвор Спасовски рече дека очекува Јавното обвинителство да покрене процес против Мицкоски.

Но Спасовски не мора да го чека јавното обвинителство, доколку не врши политичка пропаганда за да ја дефокусира јавноста од неговите проблеми како министер Спасовски може да поднесе самиот кривична пријава против Мицкоски. (Затоа што открил криминал во МВР кој го води потпретседателот на СДСМ).

Уште повеќе што Спасовски има законска обврска да ги гони сите што смета дека го кршат законот, особено за вакви сериозни кривични дела како саботажа по член 315 од Кривичниот закон.

Доколку Спасовски не поднесе кривична пријава против Мицкоски тој ќе признае дека блефира на прес конференција на МВР, ширел лажни вести и дезинформации за политичкиот противник кој открил криминал во неговиот ресор или дека свесно не пријавува вршење на кривично дело што е кривично дело само по себе.

Што предвидува членот 315 од КЗ за кој зборува Спасовски

Најмалку 4 години затвор за Мицкоски ако ЈО и Судот го послушаат Спасовски