Доктор се откажа од вакцина, апелира сите други со антитела да го сторат истото

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски денеска се откажал од примање на вакцина затоа што ќе имал антитела уште неколку месеци и апелира сите што имаат одбрамбени механизми против ковидот да ја дадат вакцината на граѓани на кои име е попотребна.



“Прележав Ковид во Јануари со силна клиничка слика, имам доволно антитела, а денес требаше да се вакцинирам, не се вакцинирав затоа што можам уште неколку месеци да бидам заштитен. Предајте ја вакцината на некој што нема антитела ако сте во иста ситуација, имате стекнат имунитет 4-6 месеци!!”, пишува Чадиковски во пораката.