Најмалку 4 години затвор за Мицкоски ако ЈО и Судот го послушаат Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е под силен напад од власта откако вчера обелодени афера вредна 215 патни исправи и милиони евра.



Ако Јавното обвинителство и судот го послушаат моќниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски се соочува со затворска казна од најмалку 4 години.

Спасовски вечерва на прес конференција не откри колку пасоши биле издадени откако била почната истрагата но побара обвинителството да покрене процес против Мицкоски за наводна саботажа на истрага за издавање на пасоши на странски криминалци.

Според Кривичниот законик за делото саботажа кое специфично го спомена Спасовски најмалата казна е 4 години затвор.

Саботажа
Член 315
Тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози
уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен,
подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен
орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган,
установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Што друго изјави Спасовски на прес конференцијата во која објаснуваше зошто две години траела истрагата за издавање на 215 пасоши на странски криминалци.

МВР немало координација туку поддршка од амбасадата на САД, Спасовски бара прогон на Мицкоски за саботажа