Граѓаните знаат колку кафе или вода испиле премиерот или министрите, но не знаат дека Владата, со над 250 вработени во Генералниот секретаријат, лани во декември дополнително ангажирала 58 луѓе.
За разлика од вработените што се наведени со име и презиме, овие хонорарци се скриени, па и покрај сите декларирани заложби за транспарентност, Владата инсистира тие да останат анонимни, пишува порталот Призма.
Станува збор за хонорари, кои вкупно за еден месец изнесуваат над 37.000 евра. Во нив спаѓаат ангажмани како пишувач на соопштенија од пресови, пишувачи на разни студии, организатор на продукција, советник за борба против ковид-19, графички дизајнер, монтажер, советник за геодезија, советник за европски интеграции, преведувачи и други…






