Најголем број од пасошите биле со украден идентитет на лица од Мала Преспа и од Пустец

Во МВР биле издадени 215 пасоши на странци со сомнително и криминално минато и со украден идентитет, потврдија извори од истрагата на скопското обвинителството и МВР одделот за гонење организиран криминал за Телма.



Во акцијата „Двојник“ уапсени се 9-мина полициски службеници, главно од управната пасошка служба во МТВ, но и двајца од полициските станици Драчево и Бутел.

Најголем дел од веќе потврдени 215 лажни пасоши биле со идентитет на македонски државјани од Мала преспа и од Пустец.

Сликите биле од носителите на пасошите-криминалците, а податоците биле украдени.

Постоела група на службеници во МВР кои во определени моменти ја извршувале процедурата со фотографирање и уфрлање на подaтоците.

За над 110 носители на пасоши е откриено каде се наоѓаат во странство, а по останатите уште траела потрагата за да се откријат земјите каде се сега.

Опозицијата која вчера го откри случајот за истрагата „Двојник“ и го нарече „Мафија“.