ЈСП од денес ќе вози до 20 часот

Јавното сообраќајно претпријатие скопје (ЈСП) информираме дека од денеска, до 20 април јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот.



Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.

И натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата.