По повод четвртата годишнина од настаните од 27 април 2017 година, на 25 април во Скопје ќе се одржи семакедонски мирен протест под слоганот „демократија во Македонија и слобода на уставобранителите“.



Македонците во светот и во татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија, повикуваат на масовен собир прво пред Владата, од каде во 12 часот тој ден ќе тргне маршот кон Собранието.

Таму ќе биде интонирана националната химна „Денес над Македонија“ и ќе се прочита Декларација со барања кои ќе бидат доставени до: Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, Обединетите нации, Советот на Европа, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и странските амбасади и мисии во земјата.

Семакедонскиот протест ќе биде без бина, без говори и без партиски знамиња, со почитување на здравствените протоколи.