Путин останува на власт уште два мандати!?

Актуелниот руски претседател потпиша закон што му дозволува повторно да се кандидира за претседател на Русија. Законот беше објавен денес на официјалниот интернет портал за правни информации, пренесува ТАСС.



Бројни одредби од законот се донесени врз основа на измени и дополнувања поднесени во Уставот минатата година. Еден од новововедените амандмани е ограничување на бројот на претседателски мандати за една личност.

Владимир Путин, според тоа и без оглед на претходните претседателски мандати може да се кандидира за претседател уште двапати.

Според законот, кандидат за претседател на Русија може да биде секој граѓанин на Русија не помлад од 35 години, кој престојувал на територијата на државата најмалку 25 години и никогаш немал дозвола за државјанство или постојан престој на друга држава.