ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов не освои ниту еден пратенички мандат во Бугарија, но ќе може да се пофали со победа во – Македонија!
Според објавените резултати од Центрачната избирачка комисија, партијата на досегашниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана на избирачките места во Скопје, Битола, Охрид, Струмица и Штип освоила 47,06 проценти или 216 гласа.
Втора е изборната коалиција ГЕРБ-СДС со 12,67 отсто од гласовите, а трета Демократска Бугарија со 11,3 отсто.






