(…)
Добро, сфативме. Истражните органи му веруваат на Ден Дончев. На сите други не им веруваат, само во него имаат доверба.
Можеби затоа што се блиски со премиерот Зоран Заев, пишува новинарот Бранко Героски во денешна колумна за „Плусинфо“ по информацијата од блиски роднини на екс-диекторот на ФЗОМ, дека заминал во Австралија поради приватни причини.
„Ајде да веруваме и ние дека Дончев од Австралија не може да влијае врз сведоци во истрагата. Или може?
Да веруваме, на пример, дека не можел да сврати до Хонг Конг и таму да отвори нова приватна компанија, која ќе се занимава со трговија со лекови. Зборувам хипотетички.
Ајде да веруваме и дека нема да остане во Австралија или да избега во некоја трета земја. И дека ќе се врати“.
Други осомничени, потсетува Героски, се притвораат под претпоставка дека ковале планови да се дадат во бегство. На тие што не се притворени, им се одземаат пасошите. Им се замрзнуваат и сметките. И така тоа знае да трае со месеци и со години, во бескрајните предистраги и истраги, додека луѓето чекаат да бидат обвинети или ослободени од сомневањата.
„На тие другите, органите, едноставно, не им веруваат. Затоа што не се „наши“?
И не се другарчиња на Зоран Заев? Или тоа нема врска?“, прашува Героски.






