Нов контингент од половина милион дози вакцини од кинескиот производител Синофарм против коронавирус пристигна утрово во Србија.
Авионот со вакцините слета на аеродромот „Никола Тесла“, а го пречекаа премиерот на Србија, Ана Брнабиќ и амбасадорот на Кина во Србија, Чен Бо.
Брнабиќ рече дека со овој контингент Кина доставила вкупно 2,5 милиони вакцини на Србија.






