Основачот на партијата “Има такви луѓе”, пејачот и шоумен Слави Трифонов која стана втора бугарска политичка сила има многу поцврсти ставови за Македонците од неговиот колега Красимир Каракачанов кој е симбол на бугарското антимакедонство.
За Трифонов нема дилема што се Македонците.
“Постои „таканаречена“ земја, наречена Македонија, а оние што живеат во неа се збунети луѓе. И тие не знаат точно што се. Јас ќе ти кажам кои се тие. Од она што го прават, вклучувајќи го и овој референдум, повеќе од јасно е што се тие. Тие се Бугари”, напишал Трифонов пред да стане трета најважна фигура во бугарската политика.
Својата кариера како пејач Трифонов во голем дел ја базира на стари македонски песни.






