Кандидатката на Движењето „Самоопределување“, Вјоса Османи, во наредните пет години ќе ја врши функцијата претседател на Косово.
Во третиот и последен круг на гласањето во косовскиот Парламент, најблиската соработничка на новиот премиер Албин Курти го доби потребниот минимум од 71 глас, а 11 пратеници гласаа воздржано.
Во првиот круг Османи доби 69 гласа, а во вториот 67.
Претседателската фотелја во Косово беше испразнета од 5 ноември 2020 година, кога Хашим Тачи се повлече од оваа позиција, по потврдувањето на обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото од страна на Судот во Хаг.





