Воз кој сообраќал од Гевгелија до Скопје прегазил човек, јавуваат медиуми.
Железничкиот сообраќај во моментов е во прекин, а закочен е и сообраќајот во овој град бидејќи возот го има блокирано преминот кај Нов мост.
Екипи на СВР Велес се на терен и вршат увид на местото на настанот. Подетални информации очекуваме во текот на денот..






