Избори во Бугарија, фаворит партијата на Борисов

Дури 30 партии и коалиции се натпреваруваат во трка за 240-члениот парламент на парламентарните изборите кои денеска се одржуваат во Бугарија.



Вкупниот број на гласачи во Бугарија е 6.732.316.

Според последните истражувања партијата на актуелниот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов има рејтинг од околу 28 проценти, следи партијата на социјалистите БСП на Корнелија Нинова со 20% а трета е партијата на шоуменот Слави Трифунов „Има таков народ“ со 12.5 проценти.

Аналитичари предвидуваат дека во парламентот можат да влезат шест до седум партии.

Според предизборните анкети партијата БНД на досегашниот вицепремиер и министер Красомир Каракачанов, неајверојатно нема да успее да го помине изборниот праг од 4% освоени гласови.