Адвокатот Александар Тортевски вечерва со вознемирувачки апел до Владата барајќи да ги запре случаите во кои граѓани се приморани да плаќаат огромни суми за да ги добијат телата на починатите од Ковид-19.
Тортевски не дава конкретни детали за случајот но тој важи за сериозен човек кој во јавноста не е познат по изнесување лаги.
“Ало владааааа!!!!!!
Застанете му на пат на Ковид профитерството. Како смее болница да не го даде телото на починат од Ковид ? Па кај да најде семејството 10.000 евра во сабота навечер?
Почнувам да мислам дека ви одговара ова да трае”, пишува во морничавиот апел на адвокатот и член на “Твоја”.
Ало владааааа!!!!!!
Застанете му на пат на Ковид профитерството. Како смее болница да не го даде телото на починат од Ковид ? Па кај да најде семејството 10.000 евра во сабота навечер?
Почнувам да мислам дека ви одговара ова да трае.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) April 3, 2021






