Д-р Даниловски: Пикот на третиот бран кон средината на април (ВИДЕО)

Пикот на третиот бран може да се очекува за две недели, на средина од месецов, или кон крајот на април, вели за Канал 5 Проф. Д-р Драган Даниловски.



Тпј смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него кој знае колкав ќе беше бројот на заразени и починати.

„Се намалија социјалните контакти и се спречи ширењето на вирусот“, вели Даниловски.

Д-р Даниловски останува на ставот дека потребно е да се воведува викенд карантин со цел да се намали бројот на заболени на дневно ниво, ама клучно, за да се намали бројот на починати.