Поради ризикот од ширење на епидемијата за време на католичкиот Велигден, во цела Италија, од денес е во сила тридневен карантин.
Ова значи дека секое движење надвор од куќата е забрането, освен од оправдани причини и со задолжителна лична изјава, а олеснувањето на мерките се очекува на 6 април.
Затворени се сите трговски објекти, освен за храна, аптеки, новински весници и слично, јави Танјуг.






