Протест, насловен „Здравје, а не провизија“, се одржа денеска пред Министерството за здравство со цел да се искаже разочарување и незадоволство од Владата поради несоодветното справување со пандемијата.
Претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, повика на оставка од Венко Филипче, како што го нарече, министер за здравство и провизија, затоа што додека во Македонија од коронавирус, дневно, животот го губат по 50 македонски граѓани, тој и луѓето од власта низ Македонија се шетаат со хеликоптери.
На крајот на протестот тој заедно со луѓето кои со него се собраа да го искажат револтот кон министерството за здравство и Владата предводена, фрлаа балони полни со вода кон зградата на министерството за, како што рече Нелоски, колку толку да го измијат срамот.
Беше најавено дека протест ќе се одржи и наредната сабота.





