Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за емисијата Стадион на Канал 77 објаснува дека размислувањето на премиерот Заев за укинување на патарини за српски државјани не може да се спроведе без прашањето да дојде на владина седница.
Спасовски не е против изразување на благодарност на сите држави и народи што ќе помогнат но таквите одлуки мораат да минат на владина седница согласно правилата.
“Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство”, изјави премиерот, Зоран Заев, во „Само интервју“ на Канал 5.
Изјавата на Спасовски на крајот на интервјуто со Столе Наумов на Канал 77.





