Русија потпиша договори со 20 компании во 10 земји во светот за производство на вакцина Спутник V, изјави Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд за директни инвестиции, кој ја промовира вакцината на меѓународно ниво.
Дмитриев рече дека Индија и Јужна Кореја веќе ja произведуваат Спутник V и дека многу од 20-те производители ќе го достигнат својот полн капацитет во април, објави The Economic Times.







