Мицкоски одби национални отстапки: Тие што ветуваа ЕУ да ја притиснат Бугарија (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одбива национални отстапки за да почнат преговорите со ЕУ.



“Веднаш да се одржи меѓувладина конференција, ВМРО-ДПМНЕ а ниту јас не поддржуваме ниту една национална отстапка. Менувавме и знаме, насила протуркаа промена на Устав, а со цел промена на уставното име”, изјави Мицкоски во емисијата Клик Плус на ТВ21.

“Е, сега сакам да си го одржат зборот. Сакам, тие тоа што ни го ветуваа тоа да си го одржат и притисокот да го прават во Бугарија, а не во Македонија”, порачува Мицкоски на меѓународната заедница.