Србија ни донираше 20.000 „Спутник V“ вакцини, а уште 20.000 подоцна

Нова донација од 20.000 дози вакцини „Спутник V “од Србија пристигнаа денеска, а дополнително ќе пристигнат уште 20 000.



Донација од Србија, која денеска во кругот на Клиничкиот центар во Скопје ја пречекаа премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

„Пристигна втората донација од Србија, акт на огромно пријателство кое доаѓа во многу значајно време за нас. Се работи за два пати по 20 000 вакцини од ‘Спутник В’ кои ги добиваме од пријателска Србија во период кој е многу важен за да продолжи континуитетот на масовната вакцинација во земјата“,рече премиерот.

Ова е втора донација од Србија, откако претходно ни донираше и 8.000 вакцини од „Фајзер“.