Еден ден откако требаше да почне Филипче најавува масовна имунизација, коментарите незгодни

Министерот Филипче најави почеток на масовна имунизација без да прецизира кога точно таа ќе започне.



Според фотографиите во салата Борис Трајковски се поставени 48 столчиња.

“Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација. Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот.

Меѓу забелешките на граѓаните за вакцинацијата што ја најавува Филипче се прашањата што ќе се прави ако не дојдат други вакцини освен тие 24000 што пристигнаа во неделата и зошто се уништува подот на салата Борис Трајковски.

Според најавата на Филипче само од Ковакс системот во текот на април Македонија треба да добие 100000 вакцини.

Пред 4 дена во неделата Филипче најави дека вакцинацијата ќе започне во среда односно вчера.

https://koronavirus.gov.mk/vesti/220983