Сакаат да вакцинираат и деца од 12 години!?

Фармацевтските компании Фајзер и Бајонтек ги објавија првите резултати од тестирањето на нивната вакцина против коронавирус кај деца на возраст од 12 до 15 години.



Според нивното соопштение, вакцината предизвикала реакција на антитела кај прегледаните деца, што, како што проценуваат, им дава за право да побараат одобрување за итна употреба во САД за неколку недели.

Вакцината Фајзер веќе е одобрена за употреба кај луѓе постари од 16 години, а новата студија покажа дека вакцината ќе биде ефикасна и кај адолесценти на училишна возраст, пренесува Гласот на Америка.

Клиничка студија спроведена на 2.260 адолесценти на возраст од 12 до 15 години покажа дека вакцината е ефикасна во 100 проценти.