Највисоките државни функционери не собраа сили ни во највеличествената фудбалска ноќ во македонската историја во своите честитки да ѝ го спомнат името на земјата што приреди чудо за кое се зборува низ целиот свет.
По кој знае кој пат срамно го избегнаа името на државата, па дури и тоа што ѝ го натурија наспроти волјата на народот од референдумот од 30 септември 2018 година, користејќи го само македонското знаме, а некои од нив дури ни тоа.







