Тиражниот германски магазин „Билд“ не штедеше критики за „историскиот срам против џуџето Македонија“, како што го опиша поразот на Германија од 2:1 во мундијалските квалификации.



„Значи, не треба да се натпреваруваме ниту на ЕП во текот на летото…

Со патетичен настап, германската репрезентација се посрамоти до коска и загуби во Дуизбург со 1:2 против Северна Македонија. Да, Северна Македонија.

Каков срам!“, пишува „Билд“ во извештајот за првиот пораз на Германија дома во квалификации за СП по тој од 5:1 против Англија пред 20 години!.

„Фудбалско џуџе што се наоѓа на 65. место на светската ранг-листа, во кое само четворица играчи настапуваат во врвните европски лиги, успеа да направи смешен четирикратен светски шампион. Последниот натпреварувачки меч пред ЕП налето се претвори во историски срам“, се додава во написот со наслов „Каков срам“ и со поднаслов „Неверојатен пораз од Северна Македонија“.