Од највисоката институција за надворешна политика на САД, нотираат случаи на оспорени граѓански права во случаите на главните и одговорни уредници на Радио Лидер Љупчо Златев и на Инфомакс.мк Александар Митревски.
“Владата ги гонеше новинарите во текот на годината за откривање на доверливи или класифицирани документи. На 4-ти март, скопскиот Кривичен суд го осуди новинарот Александар Митовски и го осуди на шест месеци условна казна затвор за откривање доверливи документи поврзани со кривичната истрага „Рекет“. Тој ја објави првата страница од изјавата на сведок на неговиот портал, „Инфомакс“, во август 2019 година. На 30-ти јули, ОЈО поднесе обвинение против Љупчо Златев, уредникот на финансиска новинска агенција „Лидер“, за откривање на класифицирани документи од Агенцијата за национална безбедност во два текста на порталот објавени во јули”, пишува во извештајот на Стејт Департменот.
Инаку документите беа објавени говорат за злоупотреби во тајната служба, незаконско следење и отрстранување на вработен со фалсификувани белешки.






