Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека Грција ги отвора границите на 14 мај и за македонските граѓани.
„Ние имаме многу честа комуникација и со грчкиот министер за здравство, а утрово разговарав и со грчкиот министер за туризам Теохарис, и тој ме извести дека двата гранични премини Дојран и Евзони ќе ги отворат на 14 мај и за македонските граѓани.
Притоа, ќе биде задолжително да се покаже потврда за вакинација или негативенн ПЦР тест.
Деновиве Белград и Атина постигнаа договор за патување на српски граѓани во Грција доколку примиле вакцина или со негативен ПЦР тест.







