Премерот Зоран Заев, министрите за внатрешни работи, за правда, и за земјоделство, денеска во Собранието на средба со координаторот на опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Алтернтива (АА/А), Скендер Реџепи.
Тема, пописот, за кој од Алтернатива/Алатернатива изразија несогласување за одложувањето , но и за за Законот за државјанство поради кои овие две коалициони партии го блокираат Собранието.
„Очекувам подготвеност од власта да се изнајде решение за Законот за државјанство. Ќе направиме компромис но се во интерес на граѓаните бидејќи на нив им е битно да имаат законска рамка со која ќе го решат 30 годишниот проблем. За таква рамка ние сме подготвени за максимален компромис“, изјави Реџепи за Слободен печат.
Во Законот што го поднесе опозициската коалицијата Алијанса и Алтернатива се предлага наместо 8 години престој како услов за државјанство да биде четири години, тројца сведоци да потврдат дека лицето во Македонија живеело и пред независноста, да може и со еден сведок ако тоа е сеуште жител на местото на барателот. Наместо да го познава македонскиот јазик да се дефинира како познавање на најмалку еден од службените јазици во државата мислејќи на албанкиот јазик.
Според министерот за внатрешни работи Спасовски ќе се бара решенија во рамките на уставните надлежности, законските процедури и меѓународната пракса.
Премиерот Зоран Заев потврди дека има волја за изнаоѓање решение како и кај опозиционите две политички партии АА и Алтернатива, за деблокирање на собранието.







