Државниот врв на денешните средби со министерот за одбрана на Кина, генерал Веи Фенгхе, испратил пораки дека очекува што побргу да се испорачаат 200 000 вакцини од кинеската компанија „Синофарм“.



„Претседателот Пендаровски ги истакна очекувањата за скорешно финализирање на набавката на вакцини од кинеската компанија ’Синофарм‘, што е од особена важност за непречена реализација на масовната имунизација на населението против ковид-19“, пренесо од кабинетот на шефот на државата.

На средба со премиерот Зоран Заев, на која присуствувала и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, премиерот апелирал Фенгхе да пренесе до кинеските институции дека земјава очекува да забрза испораката.

„Премиерот Заев на средбата апелираше министерот за одбрана, генерал Веи Фенгхе, да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Северна Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200 000 вакцини од компанијата ’Синофарм‘ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјата која започнува утре“.

Кинескиот министеро за одбрана, генерал Веи Фенгхе рече дека оваа порака ќе им биде веднаш пренесена на надлежните институции во НР Кина за да се потврди пријателството меѓу двете земји и за време на актуелната криза заради ковид-19“.

велат од Владата.