Академик Коцарев: За пандемијата, Македонија и духовното умирање

За жал, справувањето со пандемијата на ковид-19 во Македонија е обременето со петтата карактеристика, односно со бескрупулозноста и безобѕирноста на постапките и средствата за остварување и одржување на владеењето, пишува академик Коцарев во колумна за НОва Македонија во кој прави паралели меѓу двете опасности со кои е соочена Македонија: актуелната ковид пандемија и обидите за негирање на македонскиот народ, држава, историја….



„Така, заради опстанок во власта, во време на пандемија и во спротивност на основното право на живот, што е во согласност со меѓународните човекови права, се инсистира на процес којшто може да ги загрози животите на нашите граѓани, процес којшто во многу други држави се одложи, токму поради пандемијата, на неколку месеци.

Би сакал, пишува академик Коцарев, да ги предочам двете теми што ги отвори пандемијата на ковид-19, нашиот однос спрема соочувањето со биолошката смрт и со духовната смрт.


Парадоксално, нашето соочување со двете и биолошката и духовната смрт во услови на актуелната пандемија е отежнато и поради нашето секојдневно соочување со духовната смрт, поттикнато од уште една наметната причина.

Имено, духовното постоење на Македонците може да се оправда само преку повеќевековното постоење на македонски јазик и македонската нација не само на територијата на денешна Македонија, но и пошироко. Така, духовната смрт на Македонците, покрај од актуелната пандемија, особено може да биде предизвикана и од ЕУ-интеграциите.

Од друга страна, соочувањето со биолошката смрт е поврзано не само со неспособноста, бескарактерноста, ароганцијата, корупцијата и алчноста на властодршците туку и со бескрупулозноста и безобѕирноста на постапките и средствата за одржување на власта. Тие карактеристики на владеењето, особено за време на пандемијата, предизвикаа уште поголема здравствена криза. Уште повеќе, евентуалните последици по животот и здравјето на нашите граѓани од пописот, што има единствена цел: останување на власт, (текстот е пишуван на 28 март 2021 г.), можат да бидат уште понагласени. Но дури и ако пописот се одложи (за што не треба воопшто да се размислува), тоа само делумно може да ги ублажи последиците со кои се соочуваат жителите на Македонија од немањето навремени и соодветни здравствени мерки.

(…)

Многумина што ги сакаме, многумина што ги познаваме, многумина за коишто некогаш сме слушнале, многумина чии книги сме ги читале, песни сме ги пееле, многумина, тука во Македонија, живееле, живеат и ќе живеат.

Македонија ја чинат нејзините жители, сегашните, но и џагорот на починатите и неродените. Тие нè обврзуваат: „Неук, си мислев: па тие така случајно се јавуваат. А сега назад погледнувам, гледам – па тие ме обврзуваат!“ Но и напред да погледнам, во иднина, гледам – па тие уште повеќе ме обврзуваат.