Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет продолжува со истрагата поврзана со предметот Планина.
Јавното обвинителство информира дека во рамки на дејствијата кои се преземаат се утврдуваат факти во предметот. Во моментов, во интерес на постапката е да не се споделуваат детали со јавноста. Кога ќе се создадат услови, обвинителството ќе извести за сознанијата и за преземените дејствија за натамошниот тек на кривичната постапка.
“Воедно , Ве известуваме дека за сите осомничени кои не беа пронајдени при акцијата и кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, распишана е меѓународна потерница”, се вели во соопштението на обвинителството.






