Филипче: 4.000 „АстраЗенека“ вакцини за најизложените на ризик

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека од пристигнатите 24 илјади, 4.000 вакцини АстраЗенека ќе бидат издвоени за вработени во критична државна инфраструктура.



Во оваа група се опфатени вработени во МВР кои се најизложени на ризик, вработени во АРМ, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, Град Скопје – возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините, објави Филипче на Фејсбук.

На овој начин ќе се заштитат граѓаните кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик.

како беше најавено, утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години, а вакцинирањето на споменатите 4.000 ќе започне од идната недела.