Бугарка за Џамбаски: Тој на изборите во Македонија ли ќе учествува?

Дека во Бугарија не се сите одушевени од последната провокација на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кон соседот со видеото „Македонија е бугарска, а Бугарија е над сè“ зборуваат реакциите на бугарски твитерџии.



„Блонд Д’ор“, која ја презеде фамозната снимка со обраќањето на заменик-претседателот на ВМРО-БНД, прво коментира „а Џамбаски како секогаш е неадекватен“, за потоа да праша: „Тој на изборите во Македонија ли ќе учествува?“.

„Во коментарите имаше добра идеја. Кога толку ја сака Македонија – да му дадат македонско државјанство. Потоа ние ќе му го земеме бугарското“, вели „Георги Ауад“.

Парламентарните избори во Бугарија се на 4 април.