Еден од водечките медиумски перјаници на СДСМ Бранко Тричоски со нов говор на омраза во кој “го умре” шефот на комисијата за надворешна политика на собранието.
“Загинал Антонијо Милошоски!?”, пишува Тричоски во текстот во кој наведува дека: “На автопатот Скопје-Брисел, денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби Антонијо Милошоски”.
Новинарот близок на СДСМ и медиумски заштитник на премиерот Заев пишува дека Милошоски е пратеник на злото а телото на починатиот ќе биде изложено во Музејот на македонската борба против слободата.
“Починатиот ќе биде погребан во Алејата на говњарите на градските гробишта во Скопје. Пола во македонската земја што толку многу ја сакаше, а пола над земјата, како споменик на себе и на своето (не)дело!”, пишува морбидниот Тричковски по објавата дека премиерот Заев ги прифатил барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот и користење на “фингерпринт” технологија на изборите.






