Нов удар за пописот – 11 пасоши кај еден попишувач (ФОТО)

Фотографија објавена на Твитер дополнително ги разгоре дилемите кај граѓаните дали да се попишуваат на пописот кој за дијаспората започна а за луѓето во Македонија треба да започне на 1 април.



На објавената фотографија која ги засили позициите на тие што се против пописот затоа што сметаат дека има политички договор за процентот на етничките заедници се гледаат 11 македонски пасоши и еден компјутер отворен на страницата за Попис 2021.

Активистот на една политичка партија кој ја објавил фотографијата во хаштазите коментира #попис #тарапана и #28% што за многумина го означува процентот на Албанците во Македонија.

Според законот граѓанин не може да има во посед повеќе од еден важечки пасош и затоа Државниот закон за статистика кој ја води операцијата Попис2021 треба да го испита случајот и да ги расчисти сите дилеми околу пасошите и можните злоупотреби на системот за попис.

Откако веројатно сфатил дека со објавувањето на фотографијата прави прекршување на законот авторот-објавувач ја избришал од Твитер но таа е веќе зачувана и објавена од активисти на социјалните мрежи.

Во меѓувреме нов сличен скандал

Го кршат законот и не се ни кријат туку се фалат

Две за 1 ден: Ново скандалозно пописно фото – 16 пасоши и 4 лични карти кај 1 попишувач